Еден загинат и еден повреден во сообраќајка во струмичко
А.Ѓ.. (47) починал, а другиот возачот Р.М. (31) е повреден во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили синоќа во струмичко.
Сообраќајката се случи во 21:45 часот на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на излезот од селото Дабиле кон Босилово.
Во несреќата учествувале автомобили „фиат“, упоравуван од Р.М.(31) од село Костурино и „мерцедес“ управуван од А.Ѓ.(47) од село Бориево и двата со струмички регистарски таблички, извести СВР Струмица.
Увид на местото на сообраќајката извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.
Слично
