Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

Еден угостителски објект е казнет и изречен му е налог за итна регистрација откако Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе повеќе котнроли во зимските туристички центри низ земјва. 

Нивните контроли утврдиле дека од 18 оператори со храна, кои ги посетиле, само еден имал недоследнсот во работењето, и истиот не бил регистриран како оператор со храна во АХВ, додека останатите објекти работеле согласно законите. 

- По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на засилени, вонредни контроли.

Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни за граѓаните во овој период од годината, АХВ  спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.

Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна.За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрација - појаснуваат од АХВ во соопштението испратено до медиумите. 

Од Агенцијата воедно додаваат дека кај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната. 

Фото: Архива

Слично

Поврзани вести