Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕДЕН ПОКРИВ - КРИВИЧНА ПРИЈАВА, 150 ДИВОГРАДБИ - НИШТО“: СДСМ бара итна истрага и 'без недопирливи'

„ЕДЕН ПОКРИВ - КРИВИЧНА ПРИЈАВА, 150 ДИВОГРАДБИ - НИШТО“: СДСМ бара итна истрага и 'без недопирливи'

Повеќе од 150 дивоградби се пријавени во Чаир, со објавени докази за незаконска градба без дозволи, без основни стандарди за безбедност и со сомнителни приклучоци во мрежата на ЕВН.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не преземаат ништо, напротив ја штитат урбаната мафија.

Ова го посочуваат денеска од опозициската СДСМ по објавите на градоначалничката на Град Скопје за нелегално изградените згради во општина Чаир. 

- Во исто време, во Македонска Каменица, МВР поднесува кривична пријава против граѓанин кој го реновирал сопствениот покрив. Еден покрив – кривична пријава. 150 дивоградби – ништо.

Тоа е жив доказ за селективната правда и за политичката заштита на урбаната мафија, особено кога е поврзана со коалициските партнери на власта.

Зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи? До кога ќе коленичи пред ВЛЕН?

Дали и тој е влезен во криминалната шема? - прашуваат од СДСМ.

Понатаму од оваа опозициска партија бараат итна истрага, одговорност за сите вклучени – без разлика дали се градоначалници, советници или високи партиски функционери.

- Не смее да има недопирливи без разлика дали се коалициски партнери на Мицкоски!

СДСМ ќе продолжиме да се бори за правда, за ред и за правна држава во која законот важи за сите - нагласуваат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести