Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

Едно лице почина, а едно е поврдено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје откако утрово во нив било пукано од автомобил „мерцедес“. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, утрово нешто по девет часот дошло до пукање во село Батинци. 

Имено, според она што го обзнани МВР, кон двете лица било пукано од автомобил, а од таму додаваат дека полициските екипи работат на пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. 

- На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од село Црн Врв. 

На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје - се посочува во информацијата од МВР.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести