Еден патен правец е непрооден поради голомразица
Патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица, соопштија од АМСМ.
Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Слично
