Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден патен правец е непрооден - каде треба да внимавате?

Еден патен правец е непрооден - каде треба да внимавате?

Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден, стои во извештајот на Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. 

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. 

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Слично

Поврзани вести