Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН ОД ПРЕЖИВЕАНИТЕ ВО ТЕЖОК ПСИХИЧКИ ШОК: Со пациентите хоспитализирани во Пирогов работат психолози

ЕДЕН ОД ПРЕЖИВЕАНИТЕ ВО ТЕЖОК ПСИХИЧКИ ШОК: Со пациентите хоспитализирани во Пирогов работат психолози

Сите седум повредени во тешката сообраќајка на автопатот Струма се во Бугарија се во стабилна општа состојба. Нема опасност по нивните животи. Ова утрово на брифинг го соопштија лекарите од софиската болница „Пирогов“.

Велат дека вчера биле извршени потребните итни операции, а двајца од пациентите ќе бидат оперирани денеска.

-Едниот од пациентите кои денеска ќе се оперираат има длабока изгореница на двете раце, другата операција ќе биде извршена на девојка на која вчера и е направена интервенција на скршен зглоб на десното колено, денеска ќе се оперира левото колено, изјави д-р Маја Аргирова, нагласувајќи дека еден пациент имал повреди на 'рбетот со скршеници на неколку пршлени.

-Сите поминаа стабилно во текот на ноќта, во добра состојба се. Ќе ги земеме предвид оние кои се во добра здравствена состојба и имаат можност да си заминат во наредните денови, вели д-р. Аргирова.

Истовремено, додава таа, еден од пациентите е во тежок психички шок, а психолози работат со сите. Двајца успеале да се видат со своите роднини.


Слично

Поврзани вести