Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

„ЕДЕН ОД ПОГОЛЕМИТЕ ПОГРОМИ НА ОВАА НАПАТЕНА ДРЖАВА И НАРОД!“ Дуковски за седумгодишнината од Преспанскиот договор

На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, земјата стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со Грција. 

Денес, на седумгодишнината од потпишувањето, се огласи адвокатот Сашо Дуковски.

„Седум години од овој СРАМ.

Не може да ми менува име, идентитет, јазик и историја ПОД МЕЃУНАРОДЕН ПРИТИСОК и без волјата на народ преку валиден референдум. Н Е М О Ж Е !!

Еден од поголемите погроми на оваа напатена држава и народ!“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести