Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден од „отварачите“ на врати во Собрание сослушан од ОЈО

Еден од „отварачите“ на врати во Собрание сослушан од ОЈО

Откако и јавноста имаше можност да ги погледне снимките од камерите во Собранието каде се гледа како седум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ учествуваат во тргање на металните шипки, отварање на вратите и насочување на гневната толпа на демонстранти, сеуште не е поведена правна постапка, освен што еден од посочените пратеници е сослушан од страна на ОЈО.

„Снимките се дел од материјалните докази кои ги поседува ОЈО и се дејствува врз нивна основа. Сослушано е едно лице. Во тек се преземаат постапки за потврдување на идентитетот и причината за учество на лица пред главната врата како и повикувањето на лицата да дадат искази. Во оваа фаза на постапката не може да се даде правна квалификација за било какво кривично дело“. – соопштија од Основното јавно обвинителство.

Извор: fokus.mk

Слично

Поврзани вести