Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден од обвинетите за „Монструм“ остана без адвокат

Еден од обвинетите за „Монструм“ остана без адвокат

Отсуството на судијата Огнен Ставрев го одложи денешното судско рочиште за случајот  „Монструм“, за 6. мај годинава. 

Во моментов овој случај е во доказна постапка а во меѓувреме адвокатот Насер Рауфи се откажа да го брани еден од обвинетите Агим Исмаиловиќ. Тој пак рече дека нема пари за нов адвокат, по што ќе му биде обезбеден адвокат по службена должност. 

Случајот „Монструм“, е за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. 

За овој случај со доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Лута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање цврсти докази за утврдување вина.

Во декември минатата година, откако судскиот процес беше вратен од почеток, обвинетите беа пуштени да се бранат од слобода.

Слично

Поврзани вести