Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден од обвинетите од 27 Април остана во болница

Еден од обвинетите од 27 Април остана во болница

Сашо Марковски, еден од обвинетите насилници од упадот во Собранието на 27 април, и понатаму е во болница.

Нему вчера му се слоши за време на судското рочиште за тероризам и беше префрлен во болница во текот на самото судење а денеска е задржан во здравствената установа.

На Марковски утре треба да му биде извршено рентген снимање по препорака на лекарите, поради влошување на општата здравствена состојба.

Од таа причина, денешното рочиште е одложено за в петок

Марковски е осомничен дека како вработен во петтата управа на УБК учествувал во одземање на хард дисковите со снимки од безбедносните камери во Собранието на критичниот ден. Ова според обвинителството било направено со цел да се прикријат докази.


Слично

Поврзани вести