Еден од напаѓачите со нога го згазнува Села врз главата
Додека пратеникот Зијадин Села лежи раскрвавен, без да покаже знаци на живот, еден од обвинетите се доближува до него и со еден силен удар со нога го згазнува врз глава.
Овој удар врз Села е регистриран од една од безбедносните камери во Собранието, на 27 април. Откако снимката беше презентирана, судијката констатираше дека обвинетиот Кире Георгиевски е тој што го згази Села во пределот на главата.
Останатите обвинети кои се Села се обидуваат да го кренат, а тогаш добива втор удар од Оливер Осавковски, кој со нога го удира во рамото. Бидејќи Села не може да застане на нозе повторно паѓа на подот. Во тие моменти повторно се враќа обвинетиот Кире Георгиевски, кој според оценката на судијката е бесен и агресивен, но сепак не го удира повторно.
Овие критични минути за Села биле регистрирани и од обвинетиот Осавковски, кои исто така беа презентирани, но кога се случуваат ударите, тој го снима подот. Сепак во позадина се слуша тап удар и извици не го удирај, прекини веќе!
Потоа се создава гужва околу Села и тој се изнесува во правец кој не го покрива камерата.
