ЕДЕН НОЖ ЗАЦРНИ ДВЕ СЕМЕЈСТВА: Никола од Ново Лисиче бил убиен со умисла
Убиецот на младиот Никола кој настрада во август минатата година ќе одговара пред лицето на правдата за кривично дело убиство на миг.
Скопското обвинителство го поднесе обвинението за трагедијата која го потресе Ново Лисиче и која во црно зави две семејства.
Маалската нетрпеливост меѓу тинејџери кои ги минувале деновите од распустот во Ново Лисиче, заврши со убиство на седумнаесетгодишниот Никола, син единец и ученик во средното училиште „Владо Тасевски“ а обвинетиот бил доведен во ситуација на силна раздразнетост при што, според кажаното од ОЈО со умисла го лишил од живот младиот Христовски.
Според информациите кои ги пласираше обвинителството, сѐ, се случило меѓу група од повеќе лица близу бензинска пумпа со кои бил и убиениот, кои први започнале со навреди и физички напад врз обвинетиот кој се обидел да избега кон соседните згради но безуспешно.
Тогаш до него прв стигнал Никола а обвинетиот во тој момент не размислувал логично, реагирал импулсивно, извадил нож и му го забол на убиениот во градниот кош.
Никола не преживеа иако беше префрлен на скопските клиники и почина како последица на крваречки шок.
Обвинетиот доби продолжен притвор поради можно бегство .
