Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕДЕН МИЛИОН МАКЕДОНЦИ ЗЕМААТ СЕДАТИВИ, ТОКМУ ПОРАДИ НИВ“ - Милески со жестока критика за наводите на Ковачки за министерката

„ЕДЕН МИЛИОН МАКЕДОНЦИ ЗЕМААТ СЕДАТИВИ, ТОКМУ ПОРАДИ НИВ“ - Милески со жестока критика за наводите на Ковачки за министерката

Роберт Милески, познат бизнисмен кој потекнува од Македонија, а живее и работи во Германија, но и кој често се осврнува на политички случувања во земјава, а знае да биде и критички настроен, вчера излезе со прилично остра реакција кон настапот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, кој рече дека министерката за одбрана Славјанка Петровска е секој ден на седативи. На ова таа најави дека за ова ќе добие тужба и ќе се видат на суд. 
„Срамота е пратеник како Ковачки да изнесува приватни медицински дијагнози, како што направи за Цаци Петровска која наводно посетувала психијатар.

Тоа однесување е ниско, многу ниско.

Инаку, за негова информација еве и јас се пронајдов во дијагнозата од А до Ш и земам седативи, како што впрочем земаат и преку еден милион Македонци. Ама не мислам дека сум луд или дека не треба да работам.

Срамота, многу ниско за сериозна политичка партија. Искрено не очекував вакво однесување од ВМРО-ДПМНЕ. Мене некој да ми дадеше туѓ психијатриски извештај ќе го отерав ... и ќе го пријавев во полиција и во обвинителство, наместо да го вадам тој извештај во јавност.

Срамота!


Туку партиите да се запрашаат зошто скоро секој во Македонија е на седативи! Еве јас да им одгатнам, повеќето се токму заради нив и оваа гнасна македонска политика! Секој ден нервози, од утро до вечер!“, пишува Роберт Милески во својот статус на социјалната мрежа фејсбук. 

Имаше и други реакции. Една од нив беше на професорката Ана Павловска Данева, која овој говор го нарече дно. 

Слично

Поврзани вести