ЕДЕН МИЛЕНИУМ БИГОРСКИ МАНАСТИР - православното светилиште е македонски духовен горостас
Бигорскиот манастир, македонското светилиште, дбележа 1000 години од основањето со централна прослава. „Бигорски е нашиот победник над времето и над вековите, наша гордост што трае, зошто од љубовта кон него и од љубовта од него израсна во неисцрплив вруток во наш духовен горостас и наш најдобар црковен репрезент“, истакна во своето обраќање архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.
Претстедателот Стево Пендаровски рече дека токму во вакви моменти на растечка недоверба меѓу луѓето страв и неизвесност од непознатото многу нашите сограѓани бараат мир ,утеха и надеж токму на oва место.
„За многу страдалници од различни генерации, различни држави и различни идеологии и религии Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште“, нагласи Пендаровски.
Во манастирот целиот настан се одвиваше во строги протоколи за заштита од Ковид 19 со заштитни маски и на дистанца. Сепак, дел од верниците кои дојдоа да бидат дел од одбележувањето на овој историски јубилеј, пред вратите не ги почитуваа мерките за заштита од ширењето на заразата.
