Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН МЕСЕЦ ВО ПРИТВОР - ќе бидат шестмината уапсени за шверц на марихуана

ЕДЕН МЕСЕЦ ВО ПРИТВОР - ќе бидат шестмината уапсени за шверц на марихуана

Триесетдневен притвор им определил скопскиот кривичен суд на шестмината осомничени за шверц на марихуана, кои беа уапсени во завчерашната акција на полицијата во прилепско, потврдиле за Канал 5 од судот.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција рекоа дека мерката притвор за сите осомничени е побарана поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и повторување на делото. Велат активно се работи на истрагата а засега е рано да се одговори дали ќе има нејзино проширување.

Зад решетки заврши и командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски, како дел од групата која полицијата ја уапси во близина на селото Раец во обид да ја пренесе марихуаната.

Слично

Поврзани вести