Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕДЕН КУП АЛБАНЦИ МИ СЕ ЈАВИЈА ЗГРОЗЕНИ ОД ТВОЈОТ ДЕНЕШЕН ПОВИК“: Костовски обвинува: Оџа на Џума „проповедал“ да се гласа за ДУИ

„ЕДЕН КУП АЛБАНЦИ МИ СЕ ЈАВИЈА ЗГРОЗЕНИ ОД ТВОЈОТ ДЕНЕШЕН ПОВИК“: Костовски обвинува: Оџа на Џума „проповедал“ да се гласа за ДУИ

Кандидатот за градоначалник на Бутел и актуелен градоначалник на истата општина Дарко Костовски, објави дека Оџа на денешната Џума (петочна молитва на Албанците во Џамија), на верниците им проповедал дека требале да гласаат за ДУИ наместо за Костовски.
„Сакам лично да го поздравам оџата од Џамијата во Бутел 2. Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна Џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека албанцице не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел.)

Што ти пречи Оџа ?

Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца ?

Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада ?

Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода ?

Тоа што Визбегово доби ново училиште ?

Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра ?

Тоа што пред нова година ќе удриме камем темелник на нова поликлиника ?

И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај албанците само затоа што се албанци ?

Еден куп албанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик.

Да знаеш дека во Недела, целиот народ меѓу кои и албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување.

 Народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца“, објави тој.



Слично

Поврзани вести