ЕДЕН КАНДИДАТ ОТПАДНА: Централната комисија потврди 4 кандидатури за лидер на СДСМ
Четири кандидати ќе се тркаат за прв човек на СДСМ. Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за лидер на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, соопшти партијата.
„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски. Комисијата констатираше дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот. Вака утврдената листа од 4 кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии“, соопшти СДСМ.
По лошите изборни резултати, Димитар Ковачевски си поднесе оставка и партијата ќе бидат нов лидер.