Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Е ОТСЕКОГАШ СИ БИЛ ПОВРШЕН ФРЛЕ, ПА И ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ“: Најчевска за изјавата на Фрчкоски дека пожарот во „Пуулс“ ќе се случел и со и без лиценца

„Е ОТСЕКОГАШ СИ БИЛ ПОВРШЕН ФРЛЕ, ПА И ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ“: Најчевска за изјавата на Фрчкоски дека пожарот во „Пуулс“ ќе се случел и со и без лиценца

Откако екс министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски изјави дека пожарот во дискотеката ќе се случел и со и без лиценца, се огласи професорката Мирјана Најчевска.

„Е од секогаш си бил површен Фрле па и во овој случај.

Не е работата дали се имало легална или нелегална лиценца, туку дали се исполнети техничките барања.

Ако бил соодветен просторот, може да има и пиротехника.

Ако имало противпожарни прскалки кои се активираат преку сензори немало да има пожар.

Ако имало употребен соодветен материјал немало да се запали толку лесно и веднаш да пламне.

Ако имало доволно излези, сите ќе можеле да го напуштат просторот.

До правото е Фрле, а полицијата е последната карика која треба да испитува дали се спроведува, а не прва.

Прв ешалон на казнети треба да бидат тие кои ја негуваат корупцијата со децении, а не оние на кјаот од колоната“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести