Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Е ИСТО ВАКВА СРЕДБА ОСТВАРИВ ЈАС СО ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ВО 2004“: Јакимовски се пофали но и предупреди „оде воз у кукуруз“

„Е ИСТО ВАКВА СРЕДБА ОСТВАРИВ ЈАС СО ЈОРГОС ПАПАНДРЕУ ВО 2004“: Јакимовски се пофали но и предупреди „оде воз у кукуруз“

Стевчо Јакимовски на неговиот фејсбук профил истакна дека како што премиерот Христијан Мицкоски имаше средба со Јоргос Папандреу,  таква средба имал и тој со него во 2004 година.
„Е исто ваква средба јас остварив со Јоргос Папандреу во 2004 година.

Бев на конференција за инвестиции како Mинистер за Eкономија и се сретнав со тогашниот премиер Папандреу, а траеше исто толку колку што траела на Мицкоски и Муцунски, со тоа што сега ја викаат „кратка средба“, а тогаш „средба од нога“ (само што јас немав мобилен тоа да го сликам).

И не само со Папандреу, се сретнав и со Караманлис како лидер на грчката опозиција и премиер во најава.

На конференцијата беше и Метју Нимиц и на ручекот седевме еден до друг.

Во разговор со претседателот на грчката индустриска комора, тој ми рече: „Господине министре! Во вашиот говор пет пати спомнавте „Republic of Macedonia“. Кога завршивте добивте силен аплауз, вклучувајќи ги сегашниот и идниот премиер. Ова да го направевте пред само три години, за време на вашиот говор салава ќе останеше празна, а сега добивте и аплауз.

Што сакам да ви кажам?!

Имајте трпение, времето работи за вас.

За жал, дојдоа луѓе без трпение и „оде воз у кукуруз“!“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести