Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Станбениот квадрат за една година поевтинил за 190 денари

ДЗС: Станбениот квадрат за една година поевтинил за 190 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2012 во Македонија изнесува 49.941 денари, што е за 0,4% помалку или само за 190 денари во однос на 2011 година кога изнесувал 50.131 денари. Во Скопје, просечната цена на еден метар квадратен станбена површина изнесува 58.687 денари што е за 0,5% помалку во споредба со 2011 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесува 43.328 денари, што е за 4,9% повеќе во споредба со 2011. Што се однесува до просечната цена на еден метар квадратен  во второто полугодие од 2012,таа е намалена за 5,4% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето е за 5,8%. Наведените просечни цени на еден метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.
Слично

Поврзани вести