Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство

ДЗС: Се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство

Oд Државниот завод за статистика информираат дека во последните три дена од Пописот на населението, домаќинствата и становит,  пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет. 

Додаваат дека помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки.

„Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Државниот завод за статистика со сиот расположлив потенцијал работи непрекинато и според утврдените рокови  предвидени во Законот за Попис“, велат од ДЗС. 

На 30 овој месец, пописот треба да заврши. Се споменува и можноста за продолжување на пописот. 

Заклучно со 27.09.21, до 20:00 часот избројани се 1.695.549 лица, 526.605 домаќинства и 752.916 станови.

Сите кои не се попишале од било кои причини можат да се попишат во својата општина или во канцелариите на Државниот завод за статистика.

Слично

Поврзани вести