Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС ПОДГОТВЕН ЗА ПОПИСОТ: Ќе има ли доволно пријавени попишувачи?

ДЗС ПОДГОТВЕН ЗА ПОПИСОТ: Ќе има ли доволно пријавени попишувачи?

 Државниот завод за статистика е подготвен за отпочнување на пописот.

Првиот човек на статистика Ангел Симовски, кажа дека се донесени строги правила и прописи и дека истите ќе бидат почитувани.

– Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече Симовски, нагласувајќи дека ова е задолжителна активност и обврска на сите.

Конкретни информации з апријавените попишувачи ќе има денеска а задутре веќе ќе се знае кој од нив ја поминал селекцијата.

„Можноста да ги добиеме на располагање времено анагажирание лица во државните и институциите на локалната самоуправа е за да се интервенира по потреба, таму каде ќе нема вентуално доволно кадар – раазлични јазици при попишување и слично. Но, се надевам и очекуваме дека тоа нема да се случи“, кажа Симовски.

Имено, пописот треба да се спроведува од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Пописот, како што е најавено, ќе се спроведува според здравствените протоколи издадени од Комисијата за заразни болести, а кои предвидуваат целосна заштита и на граѓаните и на попишувачите. Заради дополнителна здравствена заштита секој жители ќе има право да се попише надвор,  во двор ако живее во куќа, или пред зграда или на тераса доколку живее во стан. Ако граѓанинот се одлучи попишувачите да ги прими во домот тогаш е можно само еден од нив да влезе за да се избегне гужва. Протоколите за заштита предвидуваат носење заштитна опрема, држење растојание и забрануваат послужување храна и пијалак, во смисла кафе, чај или нешто друго од страна на домаќините.

Податоците за секој жител ќе се внесуваат електронски.


Слично

Поврзани вести