Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Над 100.000 невработени, 768.549 граѓани не бараат работа

ДЗС: Над 100.000 невработени, 768.549 граѓани не бараат работа

Согласно најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени со пописот спроведен минатата година, вкупно работоспособно население на возраст од 15 години и нагоре изнесува 1.525.366 лица. Притоа од нив, 717.769 лица се активното население, односно лица кои работат или бараат работа. Од нив 608.520 лица  се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549.

-  Според највисокиот  степен на школска подготовка, најмногу невработени или  56.701 лице се со средно образование од кои  34.313 се мажи и 22.388 се жени.Според  дејноста, најмногу вработени, или 123.347 лица има  во Преработувачката индустрија од кои 65.751 се мажи и 57.596 се жени. Од вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица  изнесува 450.766.Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува  94.412 или  1,8 отсто на возраст од 0 до 14 години, 43,5 проценти на возраст од 15 до 64 години и 54,8 отсто на возраст од 65 и повеќе. Според видот на попреченост, најголемо учество од 40,8 отсто или 38.499 имаат лицата со потешкотии во движењето – се наведува во соопштението на ДЗС.

Заводот за статитика исто така објави дека од 839.174 станови, 531.987 станови или 63,4 отсто се населени, додека 307.187 станови или 36,6 проценти се ненаелени. 

Слично

Поврзани вести