Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: Индустријата со најголеми трошоци за заштита на животната средина

ДЗС: Индустријата со најголеми трошоци за заштита на животната средина

Државниот завод за статистика денеска ги објави податоците за вредноста на трошоците за заштита на животната средина и според истите во 2013 година изнесува 7 556 048 илјади денари.

Учеството на трошоците за заштита на животната  средина во БДП во 2013, којшто е 499 5991) милиони денари, изнесува 1.5%.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена се распределени како што  следува: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (43.0%), потоа учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (29.8%) и трошоците за заштита на воздухот (10.4%).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита  на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството  на инвестициите во вкупните трошоците за заштита на животната средина изнесува 53.3%, а учеството на  трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животна средина изнесува 46.7%.

Учеството на инвестициите во средства за заштита на животната средина во инвестициите за основни средства,  коишто изнесуваат 117 3821) милиони денари, изнесува 3.4%.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители 5 191 711 илијади денари, односно 68.7%.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните  производители, 45.6% се наменети за инвестиции, а 54.4% се за одржување на средствата.

Слично

Поврзани вести