Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗС: 232 одобренија за градба издадени во ноември

ДЗС: 232 одобренија за градба издадени во ноември

 Во ноември минатата година се издадени 232 одобренија за градење, што е за 3,3 проценти помалку во однос на ноември 2011 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.847.943.000 денари, што е за 4,4 проценти помалку во однос на ноември 2011.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 177 (76.3%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (7.8%) за нискоградба и 37 (15.9%) за реконструкција.

Слично

Поврзани вести