Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЗР: Замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ се зголемил на 19 милиони евра, СДСМ се уште не е на чисто

ДЗР: Замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ се зголемил на 19 милиони евра, СДСМ се уште не е на чисто

Државниот завод за ревизија денеска ги објави конечните ревизорски извештаи на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на Сметката за редовно работење. Државната ревизија констатира дека вредноста на имото на ВМРО-ДПМНЕ, кој е замрзнат во случајот „Талир“, е зголемена на 19 милиони евра, а СДСМ се уште нема расчистено со наследството од субјектот од кој произлегува.

Ревизорот констатира дека од 2018 на ВМРО-ДПМНЕ му се забранува дел од недвижниот имот, односно градежни објекти со вкупна набавна вредност во износ од 1.140.344.000 денари, сопственост на партијата, да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп, се до завршување на постапката пред надлежниот орган, а во меќувреме со валоризацијата неговата вредност се зголемила за околу 200.000 евра. Од таму и препорачуваат на партијата соодветно да го евидентира имотот.

– Забраната за привремено располагање со дел од имотот на политичката партија преку поведената постапка влијае на проценетата вредност на дел од недвижниот имот искажан во Билансот на состојба, согласно член 14 од Законот за сметководството на непрофитните организации. Во деловните книги во 2019 година вредноста на имотот е зголемена за пресметаната ревалоризација во износ од 12.407.000 денари. Истакнуваме дека до денот на вршење на ревизијата, постапката поведена пред надлежните органи е се уште во тек, се вели во извештајот.

СДСМ не ги спровел двете препораки од ревизијата за усогласеност за 2018. Партијата и натаму располага и користи деловен простор во градежни објекти кои ги наследила од правен субјект како нејзин претходник. 

„За овие објекти СДСМ нема обезбедено документи за утврдување на сопственоста, нивно запишување во Агенцијата за катастар на недвижности и сметководствена евиденција во деловните книги на партијата, се вели во извештајот“, објави денеска ревизорот.


Слично

Поврзани вести