ДЗР: Општина Центар има ненаплатени 4,5 милиони евра од легализација на дивоградби
Државниот завод за ревизија во денешниот објавен ревизорски извештај за работењето на Општина Центар до 2024 утврдила дека на локалната самоуправа има ненаплатени 4,5 милиони евра од легализација на дивоградби.
„Општината заклучно со 31.12.2023 година има ненаплатени побарувања во износ од 276.569 илјади денари, односно 4.482.480 евра, за кои нема утврдено старосна структура и дали постои законска можност за нивна наплата.
Побарувањата по основ на
надоместок за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти се
евидентирани на денот кога истите се наплатени и не се склучени договори за одложено
плаќање доколку надоместокот не е платен еднократно“, утврдил државниот ревизор.
ДЗР издал препораки до општината да спроведе мерки и активности за надминување на оваа, како и на другите утврдени состојби за кои, според ревизороот, има пропусти во работењето.
