Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џозеф: Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови

Џозеф: Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови

Политичкиот аналитичар и поранешниот член на Меѓународната кризна група, Едвард Џозеф вели дека Договорот од Преспа заслужува Нобелoва награда, бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународни спорови поврзани со идентитетските прашања. 

Вели дека вистинската причина поради која овој договор заслужува Нобелова награда не е само затоа што конечно решава еден проблем, туку затоа што создава нов модел за решавање на меѓународните спорови кои се поврзани со идентитетски прашања.

„Помислете на пример на спорот меѓу Израел и Палестина што се однесува на идентитетот на Ерусалим. Пристапот усвоен во Договорот од Преспа создава меѓународен модел што заслужува комлетно да се земе предвид за Нобелова награда“- изјави Џозеф во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, пренесува МИА.

Објаснува дека карактеристиката на владите одиграла важна улога, бидејќи и во двете земји во ист период имало лидери со политичка смелост да ги отворат прашањата, не само да разговараат, туку и да влезат во суштината, односно дека покажале желба за конечен, а не привремен договор. 

Слично

Поврзани вести