Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џолев тврди дека приведувањето пратеници е согласно закон

Џолев тврди дека приведувањето пратеници е согласно закон

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев денеска изјави дека немало прекршување на законот при приведувањето на пратениците осомничени за настаните во Собранието на 27 април.

Вели дека приведувањето на обвинетите пратеници за случувањата од 27-ми април е согласно законот. 

„На својот имунитет пратениците се повикуваат дури доколку треба да се одлучува за мерка притвор. Во случајот,  судот одлучил пратениците да не бидат привилегирани и да бидат приведени на ист начин како и останатите обвинети. Ним мерката притвор им беше изречена дури откако завршија сите процедури во Собранието за симнување на нивниот имунитет“- рече Џолев.

Народниот правобранител кон крајот на декември лани соопшти дека констатирал дека полицијата го повредила правото на пратeнички имунитет и начелото на презумпција на невиност при приведувањето на тројца пратеници на 28 ноември, лани, кога Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отвори истражната постапка против 36 осомничени за насилствата во Собранието од 27 април.

Слично

Поврзани вести