Џолев. Претседателот има право да аболицира, но судот ќе одлучи дали тоа е прифатливо
– Претседателот на државата има право да донесе аболиција и тоа е факт. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа, изјави Иван Џолев, претседателот на Кривичен суд, кој додаде дека не е добро правосудните органи да се произнесуваат однапред по тоа прашање.
Ваквиот одговор на Џолев следи откако Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов пред една недела потврди дека одбраната на осудените од случајот „27 април“ поднеле барање за аболиција до шефот на државата.
Тој информираше дека досега судот нема добиено никакво барање за аболиција, ниту од обвинет, ниту од осудено лице.
На брифингот во Кривичниот суд, денеска информираа дека пресудите за случајот „27 април” се уште не се изготвени и дека законскиот рок за тоа, соглано член 11, изнесува 60 дена.
