Џо Бајден му испрати писмо на Заев
-Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека договорот е сериозен позитивен развој и за европската интеграција и единство. Како што реков на разговорот во Минхен, успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа, и тоа е добро за сите, пишува во писмото.
Бајден е уверен дека соработката помеѓу САД и Македонија се повеќе ќе се засилува во наредниот период.
Вашата визија ги постави темелите на безбедноста и сигурноста и Вашето лидерство како Претседател на Владата од граѓаните на Северна Македонија ќе биде запаметено по историското достигнување. Ве уверувам дека јас лично ќе се застапувам за вашите политики и посветеност за подобра иднина, се вели во писмото на поранешниот потпретседател на САД.
