Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏИХАН АХМЕД СЕ ПОВЛЕЧЕ: Собранието избра двајца членови на Комисијата за спречување дискриминација

ЏИХАН АХМЕД СЕ ПОВЛЕЧЕ: Собранието избра двајца членови на Комисијата за спречување дискриминација

Собранието денеска избра двајца членови на Комисијата за спречување дискриминација.

Станува збор за Лимко Бејзароски и Наташа Амдиу.  Предложените кандидати се изгласани со 62 гласа ,,за” и еден воздржан пратеник. Кандидатката Џихан Ахмед како што информираше собранискиот спикер, Африм Гаши вчера со допис до Собранието ја повлекла својата пријава. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има 7 члена, а по повлекувањето на Ахмед сега има само 6 избрани членови.

Забелешки имаше од Мрежата за заштита од дискриминација, од каде побараа Собранието да не ја избере Ахмед, оценувајќи дека таа не ги исполнува законските услови предвидени во Законот за спречување и заштита од дискриминација. Рекоа дека Ахмед нема ниту една година работно искуство во областа на човековите права, а особено во доменот на еднаквост и недискриминација.

Слично

Поврзани вести