ЏЕВАТ ИСЕНИ: СДСМ никогаш не го греши вистинскиот избор на лидер
Џеват Исени, член на СДСМ, кој своевремено беше и претседател на Бордот на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, но сега одамна веќе не е на таа функција, на својот фејсбук профил објави дека СДСМ никогаш не го греши вистинскиот избор на лидер. Тој преку цитат вели дека ја поддржува храбрата одлука на неговиот лидер.
„Моќта на одредени одлуки за да се донесат и да имаат силно политичко влијание за подобра иднина се однесува најмногу на високи профили на личности кои, пред се, треба да имаат долгогодишен авторитет, врвни познавања во политиката и искуство на изградена харизма во општеството.
Во СДСМ може да фигурира само таква личност, која во себе поседува политичко влијание, политичка дисциплина, политичка реалност со соодветен и адекватен кадар, каде ниту во него па ни во неговиот тим не поседува ниту една црна точка или хипотека спрема други.
Би сакал само да дополнам, СДСМ никогаш не го греши вистинскиот избор на лидер, затоа што во нашата партија владее висока интелектуална способност.
На овие избори не се знаеше кој со кого коалицира и што се прави, и затоа ја подржувам храбрата одлука на мојот лидер (Черчил)“, пишува Џеват Исени на својот фејсбук профил.
Слично
