Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џес Бејли во најновото интервју: Македонија му е потребна на САД во борбата против недемократските сили

Џес Бејли во најновото интервју: Македонија му е потребна на САД во борбата против недемократските сили

Џес Бејли во интервју за Гласот на Америка на прашањето кој е интересот на САД во Македонија и нејзиното постојано поддржување, американскиот амабасадор во Скопје одговори дека неговата земја гледа на нашата како на силен сојузник во борбата против анти-демократските сили во светот.

„Освен тоа, заменикот државен секретар, Џон Саливан, беше овде пред неколку недели и сите нè потсети дека светот драматично се промени во изминатите 20 години. Натпреварот и конфликтот помеѓу големите сили се вратија на главна сцена, со лоши актери кои сакаат да го нарушат и дестабилизираат демократскиот систем. За да ги поразиме, потребни ни се силни држави, со цврсти демократски основи, слободни медиуми и раздвижени и отворени пазари. Искрено веруваме дека Македонија, целосно интегрирана во НАТО и во ЕУ, ќе биде силен сојузник во нашиот заеднички просперитет и нашата заедничка безбедност“, вели Бејли.

Тој истовремено ги пофали и исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворање на уставните измени и обезбедија двотретинско мнозинство.

Слично

Поврзани вести