Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џенур Исени: Oд образование, Хоџа има само јадено „супа со букви“

Џенур Исени: Oд образование, Хоџа има само јадено „супа со букви“

Политологот Џенур Исени даде свое мислење и кажа дека од образование, Хоџа има само јадено „супа со букви“.

Во разговор за „Независен“ , Исени вели дека и покрај тоа што не верува дека Џезаир Шаќири и Љубе Бошкоски се вработени според системот на заслуги, сепак е убеден дека премиерот Заев има добри причини поради кои ги направил овие потези.

- Во контекст на интелектуалниот капацитет на најновите специјални советници во кабинетот на премиерот Заев, тие немаат никаква допирна точка со заслугите и исполнувањето на условите. Можеби едниот има заслуги поради геноцидот над Албанците во 2001 година, и можеби поради ова е награден токму со таа функција. Што се однесува до вториот советник, никој не ги оспорува неговите заслуги во војната во 2001 година додека ги бранеше боите на ОВК, но ги знаеме неговите образовни капацитети. Да не претерам, но ова лице допирна точка со образованието имаше само додека јадеше „супа со букви“. Сепак, убеден сум дека премиерот Заев не го вработил без некој интерес што вработениот треба да го исполни. Но, за што точно се работи, многу брзо ќе покаже времето, но во овој случај не се работи за вработување според заслуги, рече Исени.


Слично

Поврзани вести