Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН НИ НОСИ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ: Голема промена на времето доаѓа викендов, високите температури остануваат

ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН НИ НОСИ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ: Голема промена на времето доаѓа викендов, високите температури остануваат

Моќен Џеновски циклон од овој викенд кај нас ќе ни донесе голема промена на времето, проследена со силен јужен ветер (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), а од недела и со врнежи од дожд кој локално ќе бидат и обилни, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Не се исклучува можноста и за ретка појава на нестабилност, проследена со грмежи.

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, овој викенд од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно.

Температурите на воздухот остануваат натпросечно високи, што значи дека топлото време продолжува.

Наскоро следува детална анализа на времето, и тоа поврзана околу овој моќен Џеновски циклон кој ќе ја зафати нашата држава“, објави тој. 


Слично

Поврзани вести