Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џелал Бајрами ќе го менува Марко Зврлевски

Џелал Бајрами ќе го менува Марко Зврлевски

Советот на јавни обвинители според засега непотврдени информации веќе го прифатил предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски со тоа што има законски рок за одлучување од 15 дена. Доколку Советот не донесе одлука по овој рок следат уште 15 дена во кои ако нема одговор ќе се смета дека предлогот на Владата е позитивен. 

Бидејќи веќе се врши голем притисок Зврлевски да биде сменет се поизвесно е дека до избор на нов јавен обвинител вршител на должноста ќе биде Џелал Бајрами кој порано беше заменик министер за внатрешни работи, и тоа во време кога се случи масакрот во Смилковското езеро каде беа убиени четирите момчиња од Радишани и рибарот од Црешево.

Бајрами потоа беше и заменик министер за труд и социјална политика, а иако нема искуство во обвинителството го избраа во Советот на јавни обвинители поради принципот на правична застапеност. 

Неизвесно е како ќе продолжи кариерата на Бајрами штом СДСМ и коалицијата го изгласаат наследникот на Зврлевски во Собранието на Република Македонија за што сега најмногу се шпекулира дека ќе биде Фатиме Фетаи од СЈО.


Слично

Поврзани вести