ЏЕК МА СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ: Алибаба ќе стане петта сила во светската економија
Основачот на кинескиот гигант Алибаба Џек Ма вели дека неговата компанија ќе биде петта сила во светската економија до 2036 година.
Алибаба веќе сега е економски посилна од Шведска, Полска, Иран, Норвешка и Австрија.
„Доколку компаниите моќе да услужат две милијарди потрошувачи, тоа е една третина од вкупното население. Ако може да создаде 100 милиони работни места, тоа е веројатно повеќе отколку што повеќето влади може да постигнат. Ако може да ги поддржи своите бизниси со 10 милиони...тоа се вика економија“, рекол Ма.
Алибаба сака да заработи билион долари до 2020 година и така да стане 16 економија во светот, поголема од Турција или Саудиска Арабија на пример.
Со тоа темпо, во 2036 година компанијата би била меѓу првите пет економии, веднаш зад САД, Кина, Еу и Јапонија, смета Ма.
Дотогаш би требало да отворат и 100 милиони работни места, додал тој.
