Џејмс Кер-Линдзи: Mногу луѓе во Македонија се свесни дека името мора да се промени
Eкспертот за Југоисточна Европа од Лондонската школа за економија и политички науки, Џејмс Кер-Линдзи вели дека договорот меѓу Скопје и Атина за новото име на Македонија е фер и избалансиран, и претставува многу важен чекор.
Според него, „Северна Македонија е многу добро, разумно и избалансирано решение“.
„Како некој што се занимава со Западен Балкан и кој премногу посакува да го види Западен Балкан во ЕУ, знам колку е важен овој чекор“- вели Кер-Линдзи.
Тој смета дека многу луѓе во Македонија се свесни дека името мора да се промени, бидејќи без тоа нема да може земјата да стане членка на ЕУ и НАТО.
Што се однесува до Грција, Кер-Линдзи истакна дека тие, за разлика од Македонија, не плаќаат никаков вид на политичка или економска цена, но дека им е нарушен имиџот.
