Џефри Пјат во „мисија“ пред ратификацијата на Преспанскиот договор
Позитивните аспекти на Преспанскиот договор и перспективите на Стратешкиот дијалог меѓу Грција и Соединетите Американски Држави денеска биле во фокусот на средбата на грчкиот заменик-министер за надворешни работи Џорџ Катругалос и американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пјат.
Пјат и Катругалос се согласија дека Преспанскиот договор придонесува за стабилност во поширокиот регион и за зајакнување на улогата на Грција во регионот на Југоисточниот медитеран, објави Атинската агенција.
За време на средбата, се дискутираше за улогата на Грција во регионот. Двајцата дипломати го истакнале продолжувањето на дијалогот инаугуриран по неодамнешната посета на заменик министерот за надворешни работи во Вашингтон.
Во меѓувреме Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, инаку помал коалиционен партнер на Сириза во грчкиот парлкамент, за утре свикал состанок на Извршниот комитет на партијата и на парламентарната група.
Според грчките медиуми, владините функционери од редовите на неговата партија одбиваат да се придружат на идејата на лидерот да излезат од владата и засега сите нивни соопштенија се дека Преспанскиот договор е во интерес на Грција.
Се верува дека и самиот Каменос ќе ретерира од своите екстремни ставови по посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина на 11 јануари.
Засега, најпесимистичките сценарија се дека грчкиот премиер има најмалку 151 сигурен пратеник од можни 300 за гласање на ратификацијата на Спогодбата од Преспа, веднаш откако ќе завршат очекуваните уставни измени во македонското Собрание.
Се очекува деватата за уставните измени во законодавниот дом на МАкедонија да завршат експресно, затоа што опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува.
