Џамбаски за Вучиќ: Дрскиот шумадиец ‘со капа шајкача’ се бори Србија, РСМ и БиХ никогаш да не станат дел од ЕУ
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски го критикуваше српскиот претседател Александар Вучиќ кој претходно изјави дека се бори и Македонија да влезе во Европската Унија. Вучиќ ја даде изјавата во контекст на неговите средби со челници во Брисел и идејата дека целиот Западен Балкан треба заедно да влезе во Унијата. Тој во ист контекст ја спомена и Македонија.
„Дрскиот шумадиец ‘со капа шајкача’ се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од ЕУ“, вели Џамбаски.

Џамбаски често дава провокативни изјави во однос на Македонија.
фото Фејсбук/Ангел Џамбаски
Слично
