Џамбаски упати фашистички поздрав и за него ќе има санкции
Европскиот парламент најави санкции против бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски поради фашистичкиот поздрав.
Тој негира дека неговиот гест бил фашистички поздрав, и вели дека инцидентот бил „мало недоразбирање“. Ова го напишал во е-пошта до неговите колеги, во кои имале увид од Политико. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола ќе покрене постапка за санкции против Џамбаски, кој направи нешто што изгледаше како нацистички поздрав додека вчера ја напушташе собраниската сала. Џамбаски е познат на македонската јавност по провокативните изјави кон Македонија.
Фото: twitter/printscreen
Слично
