Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски тврди дека Петков ќе ја предаде Бугарија

Џамбаски тврди дека Петков ќе ја предаде Бугарија

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вели дека новата бугарска власта ќе ја предаде Бугарија, во однос на ставот кој го имаа претходно за Македонија. 

Џамбаски твди дека претседателот на партијата „Продолжуваат промени“, Кирил Петков не ги ни споменува националните идеи, а плановите за Скопје се состојат само во „сè да се завитка во убаво пакување, кое нема врска со реалноста“.

„Очигледно е дека најважното прашање за тие луѓе е воздушниот сообраќај меѓу Скопје и Софија. Нема збор за цврста заштита на бугарските национални интереси, ниту предлог за сурово присвојување на историјата и секојдневно кршење на човековите права“, вели Џамбаски. 

Неодамна, Петков и копретседателот на партијата Асен Василев, за македонските медиуми ги кажаа нивните планови за натамошната политика на Бугарија кон Македонија. Тие изјавија дека е неопходно да се развијат сообраќајните врски, како и економските и трговските односи меѓу двете земји. Петков додаде дека неговиот колега и тој сакаат нов пристап во решавањето на проблемот со Скопје.

Инаку, Петков рече дека историјата не може да биде единствен критериум за членство на Македонија во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести