Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски тврди дека на пописот кај нас Бугарите се репресирани

Џамбаски тврди дека на пописот кај нас Бугарите се репресирани

За пописот кој се спроведува во Македонија, свое видување даде бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. 

Тој  тврди дека на пописот во Македонија, Бугарите се репресирани.

„Пребројувањето во Македонија започна со репресии кон оние кои одлучиле да се запишат како Бугари. Наместо ултиматум кон Бугарија, Европската унија треба да ја задолжи Македонија да ги почитува човековите права“, напиша Џамбаски на Твитер. 

Во првите два дена од пописот евидентирани се 136.773 луѓе. 

Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, по вчерашниот прекин на системот, денеска изјави дека претпладнето националниот попис продолжил.

Слично

Поврзани вести