Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЏАМБАСКИ СЕ ЈАВИ ПО ПРОТЕСТНАТА НОТА: Македонија е бугарска и тоа е историската вистина

ЏАМБАСКИ СЕ ЈАВИ ПО ПРОТЕСТНАТА НОТА: Македонија е бугарска и тоа е историската вистина

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски реагира за протестната нота која ја упати македонското Министерство за надворешни работи, откако тој во видео спот порача дека Македонија е бугарска. 

Вели дека тој не зборувал за Северна Македонија, туку како што вели за неговата Македонија за која се бореле Гоце Делчев и други бугарски комити. 

„Не сум искажал никакви тврдења кон северна Македонија и нејзиниот територијален интегритет, ниту кон вашето право да се нарекувате Северномакедонци. Зборувам за Македонија, за мојата, за нашата Македонија, за која се бореа Бугарите Борис Сарафов, Васил Чакаларов, Лазар Поптраиков, Гоце Делчев, Дамјан Груев, Тодор Александров и безброј други комити. Македонија е бугарска и тоа е историската вистина!“, пишува тој. 


Провокациите од Бугарија не запираат. 

Слично

Поврзани вести