Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски сака да нема граница од Охрид до Црно Море

Џамбаски сака да нема граница од Охрид до Црно Море

Eвропратеникoт Ангел Џамбаски смета дека поранешниот македонски премиер и ко-основач на новиот Клуб за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, Љубчо Георгиевски „е впрегнат да трча напред-назад за да го објасни новиот наратив“.

Вели дека тоа требаше да започне со заедничката декларација потпишана во 1999 година меѓу Бугарија и Македонија. 

„Над 20 години сме сведоци на фалсификати, манипулации, дискриминации, физичко самоосакатување на Бугари и што уште не, спротивно на сите документи и ветувања. Сега пак се обидуваат да ни ја понудат старата песна „пуштете не, па ќе видиме“. Да, но не. Властите во Скопје мора да преземат брзи и одлучни чекори за да ја потврдат својата посветеност на добрососедските односи. Наместо тоа, сведоци сме на постојани провокации, се повеќе фалсификати и закани за надворешен притисок", објави Џамбаски на Фејсбук.

Џамбаски го советува Георгиевски, „да не стануваа емисар на оние што ве маргинализираа“.

„Мислам дека и двајцата сакаме да нема граница од Охрид до Црно Море, но тоа не треба да се случува на сметка на правата на Бугарите во Македонија и историската вистина", наведува Џамбаски.

Пред два дена Џамбаски заедно со неколку поддржувачи на бугарската партија ВМРО-БНД не дозволија да се одржи предавање во Софија на новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство, на кој требаше да зборува токму Георгиевски.

Слично

Поврзани вести