Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски: Нема вистинско време да се предаде Македонија!

Џамбаски: Нема вистинско време да се предаде Македонија!

Eвропратеникот Ангел Џамбаски e со став дека македонското прашање може да и пресуди на бугарската Влада. 

„Бугарската влада може да го издржи притисокот за Македонија, ако сака, ако не – ќе падне“, изјави европратеникот Ангел Џамбаски, заменик претседател на ВМРО-БНД, пренесе „Труд“.

Според него, нема вистинско време да се предаде Македонија. Тврди дека во Бугарија постои страв дека нивната Влада ќе попушти. 

„Во голем дел од бугарското општество постои основана загриженост дека новата влада може да направи потези кои во суштина се отстапки – да се согласи да започнат преговори меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија без да се решат прашањата за кои сметаме дека треба да се решат“, вели Џамбаски. 

Тој неодамна спомена дека ако власта во Бугарија на промени позицијата кон Македонија, тие ќе бараат одржување на референдум. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков месецов доаѓа во земјава, по што работни групи ќе разговараат за повеќе прашања. 

Џамбаски лани во предизборна кампања се појави во спотови во кои порача дека „Македонија е бугарска“. 

Слично

Поврзани вести