Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Џамбаски не дојде во Македонија?

Зошто Џамбаски не дојде во Македонија?

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски настинал и не дојде во Македонија. Вака го оправдале тоа што тој не дојде деновиве со делегација во Скопје. Тој е познат по тоа што често ги навредуваше Македонија и Македонците.

„Официјалните власти во Скопје прават црни списоци за забрана за бугарските граѓани и се фалат со тоа. Само античовечки режим на омраза може да примени вакви трикови во XXI век во Европа!“, пишува тој на Фејсбук. 

Тој ја напаѓа македонската Влада која ја нарече антиевропска. 

„Ако овие луѓе сакаат да дојдат во Македонија како дел од делегацијата на Европскиот парламент , тие се секогаш добредојдени. Меѓутоа, ако доаѓаат приватно без разлика кои се нивните мотиви и без разлика дали се пратеници во Европарламентот, не може да им се дозволи влез“, изјави претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Инаку, Џамбаски претходно повеќе пати изјавуваше дека Македонија била, е и ќе биде бугарска. 

Бугарските пратеници се лутат затоа што македонскиот премиер Димитар Ковачевски го спореди односот на Бугарија кон Македонија како оној на Русија кон Украина. 

Слично

Поврзани вести