Економија, финансии, бизнис

Контакт

Џамбаски најавува референдум за Македонија за да не се „запали“ бугарското општество

Џамбаски најавува референдум за Македонија за да не се „запали“ бугарското општество

Европратеникот Ангел Џамбаски најави дека е можно да свика референдум за Македонија. 

Наведе дека референдум ќе има доколку владата отстапи од официјалната бугарска позиција за Македонија.  Вели дека можната промена би го „запалила“ бугарското општество и би довело до протести низ целата земја:

„Ги повикуваме претседателот, министрите и политичките партии застапени во парламентот да понесат одговорност за прашањето за Македонија и да не отстапуваат од оваа бугарска позиција“, вели Џамбазки.

Џамбаски е познат по своите провокации кон Македонија. Тој лани во предизборен спот македонските градови ги претстави како бугарски. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков на 18 месецов треба да дојде во посета на Македонија. Бугарија во неколку наврати досега ја блокираше Македонија и не дозволи да почне преговори со Европската Унија(ЕУ). 

Слично

Поврзани вести